FAO 580
ОПИС НА ХИБРИДОТ
- AS 5M43 припаѓа на најновата генерација на AS Хибриди со многу висок потенцијал на родност со кој лесно се постигнуваат рекордни приноси во добри услови на агротехника.
- Секое растение произведува по еден изедначен клип, без оглед на позицијата во парцелата, со крупно зрно, длабоко насадено во многу тенок окласок (13%) и воглавно со 16-18 редови зрна. Поради многу тенкиот окласок и опуштените лушпи, хибридот доста добро испушта влага од зрната за својата група на зреење.
- Изедначеноста на клиповите, отсуството на стерилни растенија, крупни зрна и тенок окласок се тајна на родноста и стабилноста на овој хибрид. Со тоа се придонесува и за порано цветање, со што се избегнуваат критичните јулски и августовски високи температури.
- Хибридот се карактеризира со повисоко стебло со средно поставен клип. Како и AS 5B23, и oвој хибрид се карактеризира со добра отпорност на пченкарна пламеница и на сите болести на клипот.
ПРЕПОРАКА
- Хибридот е прилагодлив на различни услови на одгледување, но пред сè го препорачуваме за подобри парцели и за повисоко ниво на агротехника, затоа што со своите високи приноси ќе го врати секое вложувањe.
ПРЕПОРАЧАН СКЛОП
Препорачаната густина за одгледување во полоши услови е од 63.000 дo 66.000 растенија/ha, во оптимални услови од 67.000 дo 71.000 растенија/ha, a во услови на наводнување од 72.000 дo 75.000 растенија/ha.