FAO 620
ОПИС НА ХИБРИДОТ
- AS 6E02 е уште еден припадник на најновата генерација средно доцни AS Хибриди наменети за постигнување на рекордни приноси на зрна. Бидејќи се работи за доцен хибрид, брзината на отпуштање на влага е умерена, погоден е за берба со берачи во клип или за подоцнежно директно жнеење во зрно, кога нивото на влага ќе падне на економски задоволително ниво.
- Хибридот, исто така, се карактеризира со високо, здраво растение, со средна позиција на клипот со многу цврсто стебло и корен, така да може да остане подолго во полето без опасност од полегнување или кршење.
- Oтпорноста на пченкарна пламеница и на сите поважни болести е одлична, a со тоа и чувањето на клиповите во складишта.
- Изедначеноста на клиповите, отсуството на стерилни растенија во било кои услови на одгледување, крупни зрна и тенок окласок се тајна на родноста и стабилноста на овој хибрид. AS 6E02 се истакнува со многу долго, крупно зрно, најкрупно од сите AS Хибриди.
- Oкласокот е тенок, околу 15%, a зрната се цвтсто всадени во него, така да нема загуба на зрна при задоцнетата берба. Лушпата на клипот е опуштена во текот на бербата, и лесно и чисто се бере со берачите.
ПРЕПОРАКА
- Хибридот го препорачуваме за одгледување во сите агроеколошки услови.
ПРЕПОРАЧАН СКЛОП
Препорачаната густина за одгледување во полоши услови е од 65.000 дo 67.000 растенија/ha, во оптимални услови од 67.000 дo 71.000 растенија/ha, a во услови на наводнување од 72.000 дo 75.000 растенија/ha.